И мажите се чуствителни, а со овие работи многу ќе ги повредите

Иако не сите жени го мислат тоа, ни и мажите имаат чувства.

Покрај тоа, некои можат да бидат чувствителни како што се жените, а некои дури и повеќе од тоа. Доколку не сакате да го повредите партнерот, не ги правете овие работи.

Ја изработувате неговата работа

Тој моментално не е дома, а на вас ви се потребни некои ситни поправки во домаќинството. Наместо да ги причекате и замолите да ги поправи, вие ги превземате работите во свои раце и ја извршувате работата сами. Тоа ќе го повреди бидејќи смета дека тоа е негова работа. Ќе се стекне со впечаток дека е неспособен, иако има потреба да се грижи за вас. Чудно е, да, па поштедете го од маката.

Не го претставувате на познаниците

Сигурно постојат луѓе во вашиот живот кои не го познаваат вашиот партнер, како на пример, некои колеги од работа или познаници од теретана. Ако случајно некаде се сретнете со тие луѓе кога сте заедно со партерот и не ги претставите на својот партнер, тоа ќе го повреди. Ако не ги запознаете, ќе се чуствува како неважен.

Ја потценувате неговата работа

Човекот се поистоветува со она што го работи и со успехот кој го постигнал. Ако ја омаловажувате неговата работа значи дека не го вреднувате ни него ни неговиот труд. Дури и ако неговата работа е навистина катастрофална, вашиот партнер очекува од вас поддршка и охрабрување.

Не сте фокусирани на сексот за време на актот

Ако се јавувате на телефон, проверувате пораки на мобилен или преку неговите рамења гледате телевизија додека имате секс, на партнерот му испраќате порака дека сте незаинтересирани и тој ќе мисли дека не може да ве задоволи.

Не го споредувајте со партнерите на вашите пријателки

Ако сакате некој романтичен гест од него, тоа дадете му го до знаење директно и јасно. Немојте да го споредувате или да му зборувате дека дечкото на вашата пријателка и носи цвеќе или редовно подготвува за нејзе миризлива бања.

Неговата интима не ја раскажувајте на други

Некои работи треба да останат во вашите четири ѕида. Можеби вие двајца може да се шегувате за неговиот влакнест грб, но таква шега во присуство на други лица не само што нема да биде смешно, туку ќе го и повреди.

- Реклама -