Оскарите – низ бројки и интересни факти

По повод завршувањето на најгламурозната церемонија во светот на шоу-бизнисот – доделувањето на наградите “Оскар” – погледнете неколку  интересни факти и бројки:

– Официјално име – Награди на Американската академија, а од минатата година година се преферира само „Оскар”

– Година на првото доделување – 1929

– Број на членови на Академијата за филмски уметности и наука, со право на глас – 6028

– Најмногу номинации за оваа година – 10 – „Гравитација” и „Американски метеж”

– Водител на церемонијата – Елен Деџнерис / вторпат /

– Димензии на статуетката – тежина – 3,85 килограми, висина – 34 сантиметри.

– Број на категориите во кои се доделуваат награди “Оскари” – 24

– Најмногу признанија заработени од еден филм – 11 – „Бен Ор” / 1959 /, “Титаник” / 1997 /, “Господарот на прстените: Враќањето на кралот” / 2003 /

– Најмногу номинации добиени од еден филм – 14 – „Се за Ева” / 1950 /, “Титаник” / 1997 /

– Филм со награди во сите категории во кои има добиено номинација – 11 – “Господарот на прстените: Враќањето на кралот” / 2003 /

– Најголем број на индивидуални награди „Оскар” – 26 – Волт Дизни (од нив 4 се почесни).

Големата петорка / награди за најдобар филм, режисер, актер, актерка и сценарио / – “Тоа се случи една ноќ” / 1934 /, “Лет над кукувичото гнездо” / 1975 /, “Кога јагнињата ќе стивнат” / 1991 /.

– Најмногу номинации за „Оскар” – 18 – Мерил Стрип (3 награди).

- Реклама -