Торес и Дрогба си одат од Челзи

Најдобриот и најскапиот играч на Челзи во историјата го напуштаат „Стемфорд Бриџ“! Дидие Дрогба и Фернандо Торес во финалето на ЛШ по сè изгледа го одиграа последниот натпревар во дресот на лондонските „Сини“…

Како што пренесуваат француските медиуми, Дрогба веќе и официјално заминува од Челзи откако таа негова одлука им ја пренел на соиграчите веднаш по завршувањето на финалето во Минхен. Според најавите како слободен играч Дрогба е многу блиску до преселба во Кина, поточно во Шангај каде веќе настапува Никлас Ањелка.

И Фернандо Торес е блиску до напуштање на Челзи. Шпанецот е разочаран од својата улога и минутажа во екипата оваа сезона, поради што веќе и пред медиумите најави можност за заминување од Лондон. Тој би можел да се врати во својот поранешен клуб Атлетико Мадрид, а Челзи сака да го понуди Торес плус пари за одличниот Радамел Фалкао.

Објавено во соработка со Екипа.

- Реклама -