Погледнете ги првите 15 минути од South Park: The Stick of Truth

Obsidian Entertainment и South Park Digital Studios објавија ново гејмплеј видео во кое се покажани првите 15 минути од играта која со нетрпение ја очекуваат сите фанови на популарната анимирана серија.

Во South Park: The Stick of Truth играчите ќе бидат во улога на дете кое штотуку е доселено во Саут Парк и одма ќе налета на Картмен и компанија кои играат игра и која вообичаено ќе достигне апокалиптични размери додека да завршите со играње.

The Stick of Truth е RPG игра со релативно едноставен гејмплеј каде акцентот ќе биде ставен на приказната и карактерите со цел фановите на серијата кои не се гејмери да можат да уживаат во нејзе.

Играта е развиена од Obsidian Entertainment, а сценариото е напишано од креаторите на серијата Мет Стоун и Треј Паркер, кои најавуваат забава во играта достојна на тв серијата.

South Park: The Stick of Truth ќе излезе на 7 март во Европа за PC, PS3 и Xbox 360, па ако не ви сметаат малку спојлери погледнете го видеото.

/Мк.Код

- Реклама -