Позитивно видео: Меркат се труди да не заспие

Сите во некоја точка од животот сме го доживеале она чувство каде преморени со сите сили се обидуваме да не се предадеме на сонот. Но, кога тоа му се случува на мелечко и интересно животно како што е меркатот, тогаш навистина изгледа двојно посмешно.

Меркатите живеат во сите делови од пустината Калахари во Боцвана, како и во пустината Намиб во Намибија, во југозападна Ангола и во Јужна Африка. Група од меркати се нарекуваат банда или клан. Еден клан од меркати најчесто е сочинет од 20 животни, но некои суперфамилии имаат и 50 или повеќе членови. Животниот век им е 12-14 години и живеат во дивината.

Погледнете го ова видео кое со сигурност ќе придонесе да го започнете денот со насмевка.

- Реклама -