Жива барбика: Сакам да бидам без мозок и сосема пластична

Блонди Бенет од калифорнија сака да биде како куклата Барби во секој поглед. По низата пластични хирургии со кои што драстично го промени својот изглед, сега сака да стане глупава како Барби, па затоа оди на хипнотерапија.

Се надева дека така ќе го намали својот коефициент на интелигенција, пишува Huffington Post.

„ Сакам да бидам ултимативна Барби. Сакам да бидам без мозок. Не ми се допаѓа што сум човек. Досадно е, сакам да бидам сосема пластична“, вели Блонди.

Пет пати ги зголемувала своите гради, а сега три пати неделно оди на хипнотерапија за биде глупава.

„ По 20 терапии се чувствувам прилично збунето целото време“, вели Блонди.

Иако нема поддршка од никого, таа вели дека го обожува својот физички изглед.

Она што нас не збуни читајќи ја оваа приказна е прашањето „кое е дното на глупавоста“, бидејќи мислевме дека е ова, без терапијата 🙂

- Реклама -