Како настанал градникот?

Градникот настанал како каприц на една девојка која во лудите дваесетти припаѓала на американската „ Златна младина“.Нивната главна рекреација биле забавите, на кои сексот и задоволството оделе предалеку.

Токму за една таква забава, Мери Фелпс набавила, за тоа време, посебно смел фустан, со длабок израз и од проѕирен материјал, но на нејзино задоволство, корсетот се оцртувал под таквиот материјал. Да биде уште полошо. корсетот излегувал дури и од деколтето.

Сметајќи дека е тоа неприфатливо, Фелпс на својата слугинка во рацете и дала две платнени марамчиња и една грда лента, и објаснила како од тоа да се сошие „нешто“ кое ќе и ги придржува градите. Во тој момент, не мислела дека тој мал изум ќе го прифатат не само нејзините роднини и пријатели, туку и сосема непознати жени, кои и приоѓале и и нуделе цел долар ( во тоа време голема сума) за да им направи и на нив.

Сфаќајќи ги работниот потенцијал, кој лежи во ова Фелипс на 12. февруари 1914 година, пред точно 100 години, во својата 22. година, го патентирала изумот.

- Реклама -