Како тој навистина се чуствува кога нема да доживеете оргазам

Вашиот оргазам него му значи многу повеќе отколку што мислите. Една нова студија објавена во списанието Journal of Sex Research покажа дека, кога жените нема да достигнат оргазам за време на сексот, мажите се чуствуваат “несоодветни“.

Во истражувањето биле вклучени група од 45 мажи и жени и биле испрашувани за важноста на оргазамот за време на сексот. Еден од резултатите нема да ве изненади- за мажите постигнувањето на оргазам е клучно за уживање во сексот. Но мажите, исто така, велат дека оргазмот на својата партнерка е една од „најголемите задоволства што можат да се доживеат“. Кога жената нема да постигне оргазам, мажите се чуствуваат вознемирени и несоодветни, особено ако сте во врска.

„Мажите мислат дека имаат одговорност да ја стимулираат својата партнерка да доживее оргазам. Ако тоа не се случи, тие почнуваат да се сомневаат во својата сексуална моќ“, вели ко-авторот на студијата, Клер Салисбери, од клиниката за психологија на универзитетот во Западен Онтарио.

Мажите во истражувањето биле на возраст од 18 до 30 години, а Салисбери вели дека средовековните мажи можат да имаат поинаква перспектива за оргазмот. постарите мажи имаат искусни долгорочни врски и поголема е веројатноста дека оствариле сексуална комуникација, па и очекувањата им се пореални.

Додека некои жени сметаат дека оргазмот е многу важен, поголемиот дел од анкетираните жени изјавиле дека нивното сексуално задоволство не зависи само од тоа.

„Подоброто разбирање на сексуалната реалност на вашиот партнер долгорочно ќе помогне во сексуалното искуство“, вели Салисбери. „Заедно треба да откриете техники кои ќе ви помогнат заедно да го постигнете „врвот“ и така притисокот ќе се намали. Само тоа може да доведе до почести и подобри оргазми“.

Единствена работа што не треба да ја правите е- да глумите оргазам. Ако тоа го правите, нема да ги заштитите неговите чуства- тоа само создава бариера во комуникацијата помеѓу вас и вашиот партнер, и сигурно нема да се подобри сексуалната компатибилност.

- Реклама -