Јелена Розга: Само една работа на мене не е природна

Хрватската пејачка одговори на гласините за пластичните операции и шпекулациите дека ги зголемила градите.
– Многу ми е важна природноста, а на мене само бојата на косата е вештачка. Сè друго е мое- изјави Розга за хрватскиот „Stori“.

Додава дека не планира да ја промени бојата на косата.

– Русокосата едноставно е најзабавна. Каде и да се појавам, јас сум во центарот на вниманието, добивам најдобро место во рестораните… Не можам ни да се замислам како бринета или црвенокоса, мислам дека тоа за сите ќе биде голем шок.

Покрај гласините за пластичните операции, се шпекулира и за нејзиниот љубовен живот. Јелена по обичај е таинствена кога станува збор за љубовта, но навести дека пронашла човек покрај кој може да се смири.
– Како и секоја љубов, и мојата понекогаш е турбулентна, а понекогаш мирна. Сега пловиме по мирни води, а никогаш не сум била повеќе подготвена за да се смирам- рече таа.

- Реклама -