Ова е мебел

Јапонскиот дизајнер Даиго Фукава создава навистина ексцентричен мебел во својата колекција “Rough Sketch Products”. Како што сугерира името – тоа е мебел, кој што личи на скица направена  со молив. Не изгледаат како да се најдобрите на  светот, но дефинитивно се интересни.

Нема никаков ризик поврзан со употребата, бидејќи сите краеви се зацврстени  и поставени така што  нема опасност да се повредите на нив. Тие не се создадени со цел продажба, туку како дел од проектот за дипломската работа на младиот уметник на  Универзитетот за уметност во Токио. Фотографирани се  на целосно бела позадина и навистина создаваат надреално чувство. Погледнете  неколку слики:

f10(8) f9(9) f8(9) f7(11) f6(12) f5(9) f4(15) f3(14) f2(15) f1(16)

- Реклама -