А БЕА ДОБРИ ПРИЈАТЕЛИ Цетински: Јоксимовиќ има проблем со главата

Пријателството во естрадата е многу нестабилно, а доказ за тоа се и Тони Цетински и Жељко Јоксимовиќ, меѓу кои, се чини, се заладиле односите.
Двата пејачи го снимија дуетот „Заблуда“, имаа серија заеднички концерти, и еден со друг се пофалуваа кога и да имаа прилика за тоа. Но, се појавија несогласувања кога Тони го најави Жељко на свој концерт во Македонија, а претходно за тоа не го известил.

Од тогаш ги прекинале контактите и немаат многу убави зборови да кажат еден за друг.

– Претпоставувам таква е годината. Сите кои се викаат Жељко, па и дотичниот, имаат со себе некој проблем со главата кои брзо ги решивме. Сите кои ме познаваат знаат дека не сум кавгаџија, но не сакам неправда и сакам фер игра. Знам дека некогаш избувнувам, но тоа кратко ме држи. Некогаш два, три дена, некогаш два, три месеци, но поминува- вели Тони за српските медиуми, и така посочи дека Жељко сепак бил причината за заладените односи.

- Реклама -