Дали знаевте? Семките на јаболкото се отровни

Семето на јаболкото содржи цијанид. Но, не е страшно колку што звучи. Иако е потполно возможно да изедете доволно за да умрете, малите количини се минијатурна непријатност за телото, со која лесно се справува.

Дури и да голтнете неколку семки, ситуацијата не е сериозна. Отровот е во внатрешноста на „школката“ на семката, која веројатно ќе ја исфрлите од организмот во нејзината првобитна форма (цела). Сепак, џвакањето на семката ја ослободува цијаногенската киселина, а во доволна количина може да предизвика сериозна токсична реакција.

Симптомите на труење со семки од јаболка се следните:

  • главоболка
  • вртоглавица
  • тешкотија и непријатност
  • повраќање
  • потешкотии во дишењето
  • зголемен крвен притисок
  • забрзана работа на срцето
  • конвулзии и грчење на мускулите
  • откажување на бубрезите
  • кома

Истото важи и за семките на праските, крушите, сливите и кајсиите. Ако случајно голтнете неколку од нив, безбедни сте. Ако ги џвакате, не баш.

Сеуште сакате јаболки? Се разбира дека да.
Сеуште сакате јаболки? Се разбира дека да.
- Реклама -