15 чудни работи што ги прават мажите секси

Дали ви треба маж со испакнати мускули и силна вилица за да ви се затресат колената? Или можеби ве привлекуваат други карактеристики? За еден маж да биде прилечен не секогаш е пресуден погледот и начинот на облекување. Атрактивен може да го направат и едноставни, секојдневни работи кои ги прави, а повеќето од нив немаат никаква врска со сексот.

Во анкетата спроведена на припадничките на понежниот пол, требале да одговорат на прашањето: Што им е кај нивниот партнер неверојатно секси? Ако си помисливте дека одговорните се очигледни, се лажете. Ви ги издвојуваме најинтересните 15 од нив:

1. Кога ќе признае дека е во грешка.

2. Способноста да води интелигентен разговор со било кој, било каде и во било кое време.

3. Семејните финансии ги става пред сопствените желби.

4. Самиот купува нова долна облека и ја фрла старата.

5. Кога ќе ја соблече својата кошула по долг работен ден и мириса на пот.

6. Го подготви вечера според вашиот омилен рецепт.

7. Знае многу за садење на цвеќиња.

8. Знае многу добро да работи со рацете.

9. Се снаоѓа во кујната и не му паѓа тешко да помине време во неа.

10. Се разбира во нешто во кое вие не знаете речиси ништо.

11. Кога ќе го исчисти фрижидерот.

12. Ја менува сијалицата без никој да му каже за тоа.

13. Се смее на вашите шали и ја разбира вашата смисла за хумор.

14. Гласот со кој ви се обраќа за време на сексот го користи и во јавноста.

15. Поради вас и вашите деца зема подобро животно осигурување.

- Реклама -