Градник кој може да го откопча само вистинска љубов

Иако се работи само за концепт, True Love Tester (јапонска компанија) ги комбинира модерната технологија и љубовта.
Генералниот концепт е овој градник да се поврзе со смартфон преку Bluetooth и може да биде откопчан само кога сензорите, вградени во него, детектираат вистинска љубов.

А ако оваа технологија навистина детектира вистинска љубов, ќе се запрашете многу нешта. Според наводите на луѓето кои стојат зад овој градник, вистинската љубов ја открива хормонот катехоламин. Тоа е супстанца која ја лачи организмот само кога личноста е сосема заљубена.  Градникот  детектира катехоламин, односно и дава потврда на апликацијата и забавата може да почне.

За сега не е познато како ќе се одвива продажбата, но веруваме дека True Love Tester дефинитивно има потенцијал да стане популарен производ.

- Реклама -