Секси високи потпетици дизајнирани од Сара Џесика Паркер

Сара Џесика Паркер ја претстави својата колекција високи потпетици со потпис SJP. После улогата на Кери Бредшо во серијата „Сексот и градот“, за страствената љубтелка на обувки овој потег за многумина беше очекуван.

49810_cipele1_630x0

Во разговор за таблоидот „О“, актерката нагласила дека нејзините чевли освен што се женствени, се и многу удобни. Тоа се две карактеристики кои според неа, мораат да одат заедно.

Колекцијата на Паркер ќе се најде на американскиот пазар кон средината на следниот месец, а цената на моделите ќе изнесува од 195 до 485 долари.

- Реклама -