Зоолошката во Скопје нема повеќе жирафа…

Еден од најновите и најомилените членови на зоолошката градина во Скопје, жирафата Орка починала од засега непознати причини, објавува НОВА.

Оваа неофицијална изјава до која дојде НОВА не беше демантирана ниту пак потврдена од страна на директорот на зоолошката градина. Причините за смртта на младата жирафа се непознати.

2014-01-24 10_46_00-Починала жирафата Орка - Нова Македонија

Жирафата Орка во зоолошката градина во Скопје пристигна во 2012-ра година кога беше одбележан нејзиниот втор роденден. Таа беше донација од Орка Холдинг Групација-Фондација Илија Камчев.

2014-01-24 10_45_51-Починала жирафата Орка - Нова Македонија

- Реклама -