Златна Бубамара руши рекорди

И не е некоја новост големиот интерес кој се појавува пред манифестацијата „Златна Бубамара на популарноста“, но годинава ги надмина сите очекувања.Имено, во изминативе 10 дена организаторите ги изненадиле повеќе од 5.000 резервации за купување на билети.

Иако настанот не беше помпезно најавуван, сепак не е потребно многу за да се пројави желбата за добар хумор.

Поради преголемиот интерес, организатор размислува шоуто да го префрли во поголема сала, но тоа ќе биде решено во наредните денови, кога билетите ќе бидат пуштени во продажба.

 

- Реклама -