Обама призна дека пушел марихуана

„Пушев марихана додека бев мал и ја сметам за лоша навика и порок, не многу различен од цигарите. Но не ја сметам за поопасна од алкохолот“, ова го изјави Претседателот на САД. Барак Обама  во интервју за „Њујокркер“.

Веста екпресно беше пренесена ширум светот како шокантно признавање од страна на Американскиот претседател.

Сепак, тој додал дека не го охрабрува пушењето трева, па затоа ги советува своите ќерки колку е таа навика лоша, нездрава и губење на време.

Администрацијата на Обама дозволи државите да експериментираат со законот за марихуана и тој неодамна е усвоен во сојузните држави Колорадо и Вашингтон, а легализацијата на марихана наскорот ќе стапи на сила.

Претседателот на САД изјави дека е важно законите за марихуана да стапат на сила во тие држави, за да се спречи ситуацијата во која неколку луѓе ќе се казнат, а поголемиот дел од жителите од време на време ќе го прекршуваат законот.

- Реклама -