Мапа на најголемите кафепијачи во светот – На кое место е Македонија?

Судејќи по просечниот Македонец и неговите навики во однос на кафето, би рекле, Македонија е меѓу земјите каде најмногу се пие кафе. Дали е навистина така?

Quartz, користејќи податоци од Euromonitor, состави мапа на најстрастните кафепијачи на светот. Од вкупно 80 земји, на прво место е Холандија со 2.414 кафиња на ден, по лице. Британците, познати по длабоката навлезеност на чајот во нивната култура, ја оправдуваат репутацијата, пиејќи само 0.389 филџани на ден.

На Балканот, води Србија со 1.188 шолји на ден, Словенија пие по 1.076, а Грција по 0.782. Македонија  (21-ва на листата) се наоѓа две места зад Грција, со 0.755 филџани на ден, а зад нас се БиХ со 0.631, Бугарија со 0.201 и Хрватска со 0.144 шолји кафе дневно.

За споредба, Турција пие само по 0.342 „турски“ кафиња на ден.

Следува комплетната листа на земји што најмногу конзумираат кафе:

Кликнете на сликата за да ја видите во реалната големина

 

- Реклама -