Home УмниБус Патувања 10 најскапи нешта во Дубаи

10 најскапи нешта во Дубаи

0

Во 1966 година под песоците на пустината во Дубаи била откриена  нафта, па тогаш започнува брз развој. Денес Дубаи е светски финансиски центар, а населението брои  2,1 милиони луѓе кои уживаат висок стандард на живеење. Луксузот во Дубаи дури прераснува во расфрлање. Ако сакате да  поминете еден луксузен  одмор без ни најмалку да се штедите, можета  да ги пробате овие 10 нешта.

Ова се 10 „најскапи” забави во Дубаи

Најскапиот сендвич во Дубаи – 84 долари.

1

Во ресторанот  Rostang Brasserie во хотелот  Атлантис во одморалиштето Пал Џумејра се нуди сендвич со леб, масло и малку црни тартуфи за 84 долари.

Најскапата пица во Дубаи – 120 долари

2

3rd Avenue Café се наоѓа на првиот кат на Dubai Mall и е нешто помеѓу гурмански ресторан и италијанско бистро. Тука се сервира пица за 120 долари. Таа е со јастог и тартуфи и се пече на оган. Во неа има уште домати од Сицилија, аспарагус, сос сирење и златни листови.

Како ви звучат 33 долари за супа?

3

Се работи за  супа од фазан и костени, со која може да ја започнете вечерта тука. Ресторанот At.mosphere се наоѓа на 22-тиот кат на Бурџ Калифа – највисоката зграда во светот. Тоа е „најдобриот елитен” ресторан во Дубаи.

Најскапата  игра на голф во Дубаи – 271 долари

4

Најскапиот голф може да се игра на теренот Маџлис во Emirates Golf Club. Една рунда чини 271 долари на човек.

Најскапото кексче во Дубаи – 1 010 долари

5

Повторно сме во Dubai Mall, овој пат во кафе Bloomsbury. Кексчето The Golden Phoenix чини 1010 долари. Тоа се прави од органски брашно, масло, италијанско чоколадо Amedei Porcelena, ванила од Уганда и јадливи златни листови.

Најскапиот коктел во Дубаи – 7 438 долари

6

Се прави во Skyview Бар в хотелот Burj Al Arab. Коктелот се нарекува 27.321 – барот се наоѓа на 27-тиот ката, а 321 е висината на зградата.

Најскапата хотелска соба во Дубаи – 24 000 долари

7

Каде на друго место, ако не во хотелот Burj Al Arab.  Само за 24 000 долари, може да престојувате  во стан од мермер, дабово  дрво и злато.  Ќе располагате со сопствен спа центар,  кревет, јадење за 10 лица.

 Свети Валентин во Дубаи – 27 225 долари

8

Во хотелот Madinat Jumeirah нудат пакет за Свети Валентин, кој вклучува пречек со Rolls Royce, сместување во претседателски стан, прошетка со хеликоптер низ градот. Покрај тоа ќе има масажи, цвеќиња и забавна  програма.

Најскапиот мобилен дом во Дубаи – 3.27 милиони долари

9

Приколките  обично не се  над 3 милиони долари, освен некои навистина посебни. Во овој мега караван има дури камин, како и тераса на покривот, спална во целост и подно греење. Може да се преобрази на бар со осветлување.

Чанта во Дубаи – 3.8 милиони долари

10

Оваа торбичка е дури поскапа од уникатниот караван погоре! Таа е моделот  Mouawad 1001 Nights Diamond. Направена е од 18-каратно злато и 4 517 дијаманти. Произведена е од 10 мајстори од златарската  куќа House of Mouawad. Изработката одзела 8 800 часа. Моделот беше претставен на Саемот на накит во Доха во 2010 година.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here