Неочекуваното наследство на еден селски фризер

Нормандското  село со 850 жители наследи 2,5 милиони евра во хартии од вредност и имот, оставени  од поранешен фризер од ова село.„Поранешниот фризер, живеел многу скромно во Париз на 20 квадратни метри, на петтиот кат во зграда без лифт”, раскажува градоначалникот на Сен Жермен де ла Кудер,  Даниел Мари. Фризерот Рејмон Бро му  оставил на селото 2.15 милиони евра добиени од продажба на хартии од вредност  и животно осигурување. Сумата е три пати поголема од годишниот буџет на селото. Покрај тоа, тој оставил и три куќи – две во Сен Жермен де ла Кудер и една во Теил, како и мал стан во Париз, во кој починал на 93-годишна возраст во 2012 година.

Вредноста на недвижностите е околу 350-400 000 евра .

„Тој никогаш не сакаше да се искористат овие пари и ги остави сите на местото во кое се  родил и пораснал”, додава градоначалникот.

Жителите на селото добро го познаваат великодушниот добротвор, кој често гостувал во родното место на својот брат што починал непосредно  пред него. И двајцата биле ергени, без деца. Единствениот услов на наследството било руралните имоти на фризерот да не бидат продадени на приватни сопственици во следните 100 години. Градските власти, кои ја  утврдиле дури во 2013-тата година вредноста на наследството, одлучиле  да не ја објавуваат  веста се додека не се организира  специјална церемонија, која се одржа вечера. Со парите тие имаат  намера да го реновираат училиштето, центарот на селото и да ги реставрираат  наследените куќи, кои ќе  ги дадат под наем.

- Реклама -