„1931“ е Арт Деко железнички премин низ кој сакате да поминете

Иако станува збор за места низ кои секојдневно минуваат голем број луѓе, сепак, просторот под железничките станици најчесто е мрачен, морбиден и во голем број случаи, опасен за поминување во ноќните часови.

Сепак, благодарение на креативноста на уметникот Бил ФицГибон, нема да почувствувате никаква непријатност доколку шетате под железничката станица во Бирмингем, Алабама.

Станицата 1931 која некогаш минувачите се обидуваа да ја заобиколат, денес изгледа навистина забавна за посетување благодарение на LED диодите со кои е креирана неодолива палета од бои.

Bill-FitzGibbon-Colourful-Underpass-5 Bill-FitzGibbon-Colourful-Underpass-1 Bill-FitzGibbon-Colourful-Underpass-3 Bill-FitzGibbon-Colourful-Underpass-4

- Реклама -