11 нешта што не ги знаете за Винсент ван Гог

Van-Gogh-self-portrait-1[1]

Винсент ван Гог – еден од највлијателните уметници на 20-от век, за жал не живееше доволно долго за да го види сето она што произлезе од неговото уметничко наследство. Имаше само 37 години кога умре, а умре женет за лудилото, за кое знаеме прилично многу благодарение на честите писма што сликарот ги испраќал до семејството и пријателите. Сепак, постојат уште многу интересни аспекти од неговиот живот, кои се многу помалку познати:

1. Ги имаше четворица „ван Гоговци“.

Уметникот Винсент ван Гог беше именуван по својот нероден „постар брат“ Винсент, кој почина уште како фетус. Неродениот Винсент, пак, го носеше името на дедо му. Четвртиот е Винсент Вилем ван Гог, син на еден од браќата на уметникот – Тео.

2. Страдал од повеќе ментални болести, не само една.

Многу од модерните психијатри се обидуваат да ја дијагностицираат болеста на ван Гог врз основа на симптомите кои ги покажувал за време на својот живот, како халуцинациите, депресијата и нападите. Веројатната дијагноза вклучува шизофренија, сифилис, манијакална депресија, хиперграфија, Гешвинд-синдром и темпорална епилепсија.

Ако се потпираме на семејните анегдоти, може да се извлече заклучок и дека бил дел од спектарот на аутизмот. Опишувајќи го ван Гог како дете, неговата сестра Елизабет ќе рече дека тој бил „интензивно сериозен и некомуникативен, и одел несмасно и зашеметено, со главата наведната надолу“.

Не само што помалите браќа и сестри му биле како странци, туку „и тој самиот на себе си бил странец“. Биографот Чарлс Мофат, во една забелешка истакнува дека ван Гог немал способност да ги „чита“ намерите и емоциите на другите.

Van-Gogh-potato-eaters[1]3. Почнал да црта и слика дури на 27 години.

Откако бил истеран од неговиот дом, што следело по серија на пропаднати обиди за кариера (препорадавач на уметност, учител, продавач во ккнижара, пастор), ван Гог почнал да црта. Една година подоцна, ја набавил потребната опрема за сликање пред сé благодарение на брат му Тео, кој се согласил финансиски да го издржува за тоа време. А тоа ќе потрае до самата смрт на уметникот.

4. Бил заљубен и живеел со проститутка.

Ван Гог имал имал неколку „симпатии“, вклучувајќи и ја неговата роднина вдовица и незаинтересираната Евгенија – жена од високата класа. Во една прилика, ван Гог го напуштил домот во Холандија и се преселил во Хаг, каде воглавно мизерувал со проститутки. Една од нив му била омилена – Сиен, со која живеел и за која се грижел, а и ѝ помогнал да го израсне бебето, барем одреден период.

Во меѓувреме, ван Гог има скицирано многу портрети од Сиен, што само докажува колку се грижел за неа, но подоцна таа се покажала како причина за несогласувањето помеѓу Винсент и неговото семејство, па по притисок од брат му Тео, тој ја оставил и се преселил во Дренте. Имал уште неколку неуспешни врски, по што умрел сам.

Van-Gogh-wheatfield[1]5. Боите што ги гледаме во неговите слики не се по негова намера.

Љубителите на уметноста уживаат во богатите нијанси во делата на ван Гог, но боите што ги гледаме не се тие што самиот автор имал намера да ги гледаме – особено жолтите тонови. Како и многу други уметници од тоа време, ван Гог користел нестабилен пигмент наречен „жолт хром“ (chrome yellow), кој со текот на времето бил подложен на избледување или преминување кон кафена нијанса. Хемиската промена е неповратна, па нам ни останува само да замислиме со колку светлина зрачеле сликите пред да се случи избледувањето/потемнувањето.

Што се однесува до честата примена на жолта кај ван Гог, биографот Мофат верува дека таа е одраз на моментите кога распложението на уметникот се наоѓало на нагорната половина на биполарниот бран.

6. Крал на пост-импресионистичките „селфиња“

Во период од 3 години, ван Гог има направено преку 43 авто-портрети. Иако е сосема сфатливо тоа да се смета како резултат на преголема гордост и самовљубеност, веројатно се работи за резултат на сиромаштија – како финансиска, така и емотивна. Уметникот немал пари да плати за професионални модели, а со оглед на големата празнина од меѓучовечка интеракција во неговиот живот, наоѓањето на пријатели кои би му позирале било подеднакво тешко.

Van-Gogh-bedroom-at-Arles[1]7. Веројатно имал хомосексуална врска со сликарот Пол Гоген.

Еден одреден период, двајцата живееле како цимери во југот на Франција. Во една статија во Harvard Magazine се истакнува дека „неговите (на ван Гог) медицински биографери се согласуваат дека неговата зрелост влучувала периоди на хиперсексуалност, хипосексуалност, бисексуалност и хомосексуалност“ и дека „неговата бурна хомосексуална афера со сликарот Пол Гоген вклучувала бескрајни дискусии кои често преминувале во расправии“.

Самиот ван Гог ја опишувал нивната врска како „електрична“, а колку и да имала подеми, вклучувала и добар дел немири, кои некогаш знаеле да преминат и во насилство.

Van-Gogh-irises[1]

8. Познавачите шпекулираат дека токму Гоген му го отсекол увото на ван Гог.

Инцидентот најчесто е раскажан вака: ван Гог и Гоген имале расправија што ескалирала до степен Ван Гог да му се закани на Гоген со брич. Веројатно во момент на манијакален напад (по што Ван Гог бил познат), наместо да го повреди Гоген, ван Гог си исекол дел од своето сопствено уво – кој подоцна го дал на проститутка.

Сепак, група германски истражувачи напишаа книга во која ја промовираат теоријата дека Гоген, кој бил мечувалец, за време на истата таа расправија, му го отсекол увото со својот меч, во самоодбрана. Според оваа теорија, ван Гог не сакал да ризикува Гоген да заврши во затвор, па излажал дека сам си го отсекол увото.

Во прилог на оваа теорија оди и писмото испратено до Тео, во кое ван Гог пишува дека „за среќа, Гоген сé уште не е опремен со автоматски оружја и други опасни воени оружја“. Подоцна уметникот ќе рече дека не се сеќава на кобната ноќ.

Ретка фотографија од Ван Гог.
Ретка фотографија од Ван Гог.

9. Некои од најпознатите дела ги има создадено во лудница.

Во зимата 1888 година, ван Гог имал нервен слом и се пријавил во душевна болница. „Ѕвездена ноќ“, неговото најпознато дело, го насликал токму таму. А покрај тоа што таа слика е најповрзуваната со неговото име, тој не бил задоволен од истата. Всушност, таквиот став е потценување; ван Гог воопшто не ја сакал сликата и ја сметал за комплетен неуспех, заедно со другите слики насликани во болницата, за кои ќе рече дека воопшто ништо не му значеле.

Van-Gogh-starry-night[1]10. Веројатно е да не се самоубил, туку да бил убиен.

Иако уметникот бил длабоко пореметен и често депресивен, постои сомневање дека неговата смрт била резултат на самонанесени рани. Се смета дека ван Гог се самозастрелал во стомакот додека сликал во полето, по што се вратил во крчмата (одалечена околу еден и пол километар) каде престојувал – за да умре.

Сепак, коавторите на неговата биографија теоретизираат дека всушност бил ненамерно застрелан од млад тинејџер кој често го задевал. Со оглед на тоа што ван Гог на тоа гледал како на услуга, тој воопшто не се ни обидел да побара помош за раната.

Доказот во прилог на оваа теорија е дека не бил најден никаков пиштол или пак опрема за сликање во полето каде што пукањето наводно се случило, а во прилог е и едно сведочење на минувач кој слушнал истрел поблиску до крчмата каде што ван Гог престојувал тој ден, отколку до полето.

Van-Gogh-painting-sunflowers-by-gauguin[1]11. Славата ѝ ја должи на снаа си.

Без инсистирањето од страна на Јохана – сопругата на неговиот брат Тео, името на ван Гог брзо ќе потонело во заборав. Но, откако наследила стотици слики, по смртта на Ван Гог и на Тео, таа си поставила за мисија да го промовира творештвото на уметникот и изнајмувала негови дела за потребите на разни изложби. Исто така, ги објавила и сите писма на ван Гог, со цел неговата приказна да биде слушната.

По нејзината смрт, нејзиниот единствен син со Тео (кој, се сеќавате, се викал исто така Винсент) го основал Музејот на ван Гог во Амстердам 1973 година. Сите слики, кои официјално се дело на уметникот, порано или подоцна се пренесени на оваа локација.

- Реклама -