Фотографот Анџела Кели и нејзиниот син ги искористиле ниските температури за да тргнат во прилично креативна авантура. Ја подготвиле смесата (средство за садови, вода и каро-сируп) и излегле надвор на -9 степени, со намера да дуваат балони од сапуница и притоа да ги фотографираат при мрзнењето и топењето.
Еве го резултатот:
„Дали некогаш ќе бидеме доволно стари за да престанеме да правиме балони од сапуница?“ – прашува реторски Кели, алудирајќи на сите изненадувања што ни ги приредува природата, макар и преку едноставни експерименти како овој.