Македонската филхармонија со традиционален новогодишен концерт

На 26 декември (четврток), со почеток во 20 часот во МОБ,  ќе се одржи традиционалниот новогодишен концерт на Македонската филхармонија,под  диригентската палка на маестрото Борјан Цанев. 

Во програмата е предвидени дела од Моцарт, Гуно, Росини, како и традиционалните валцери, полки и мазурки од семејството Штраус.

Билетите се пуштени во продажба во билетарницата во Домот на АРМ, по цена од 600, 800 и 1.000 денари.

- Реклама -