Напиток кој се подготвува за 5 минути, ќе ви помогне во борбата со килограмите

Да се истакнуваат придобивкитe од зелениот чај не е никогаш доволно. Овој пат, ви го пренесуваме рецептот за пијалок кој ќе го забрза и прочисти метаболизмот, но и кој одично ќе им дојде на оние кои се обидуваат да изгубат вишок килограми.

Само една чаша зелен чај на ден го подобрува метаболизмот за 12%, но тоа не е единственото добро кое тој го прави на нашето тело. Тој го регулира шеќерот во крвта, ја подобрува менталната состојба, го намалува ризикот од срцев удар, штити од разни видови тумот, итн…

Но, покрај овој популарен пијалок, рецептот за кој зборуваме бара уште две освежителни и здрави состојки, кои за само 10 минути подготовки, ќе ви припуштат дневна доза на вкусен и здрав напиток. Санува збор за портокал и нане.

Zeleni-caj-narandza-pice

Состојки:

– 5 ќесички зелен чај

– 1 портокал

– неколку листови нане

Подготовка:

1. Сварете го чајот. Во еден литар вода, загреана до 80 тепени целзиусови, додадете ги 5-те ќесички чај. Оставете да се олади.

2. Измијте го портокалот и исечкајте го на кришки, без да ја лупите кората. Доколку навистина сакате да ја отстраните, оставете го белиот слој задолжително.

3. Во празна тегла од 1l сипете го оладениот зелен чај, и додадете ги кришките портокал. Зачинете со една шака листови од свежо нане. Затворете ја теглата, и оставете ја во фрижидер во ткот на целата ноќ.

4. Пијте по една шолја пред секое јадење. Борбата против вишок килограми, со помош на овој пијалок ќе ви биде многу полесна.

- Реклама -