Моето име е Бонд, Џејмс Бонд…и јас сум алкохоличар

Откако група лекари го анализирале романот на Иан Флеминг каде агентот 007 дневно конзумира 92 единици алкохол, дошле до заклучок дека Џејмс Бонд е хроничен алкохоличар.

„ Тој е познат е по тоа што сака цигари, алкохол и жени, а неговата омилена изрека е „вотка-мартини – протресен, не промешан””, потсетуваат тројца лекари кои ја потпишуваат анализата објавена во британското медицинско списание “British Medical Journal”.

„Во реалноста и во идеалната варијанта коктелите вотка-мартини треба да бидат промешани, но не смеат да влезат во шејкер и да бидат протресени”, пишуваат лекарите, но според мислењето на експертите протресените  коктели се подобри од вторите , поради тоа што, кога коктелот е протресен, секогаш постојат мали парчиња мраз кои го прават истиот поладен, додека промешаниот е целосно “чист”.

Сепак, тоа што повеќе ги загрижува лекарите од познатата изрека, е количината на алкохол која ја пие агентот 007.

Тројцата лекари студирале 12 романи во кои Флеминг пишува за авантурите на британскиот таен агент, за прецизно да ја утврдат количината на алкохол која тој ја консумира.

Резултат: Тајниот агент пие во главно кога е во мисија, на сметка на Нејзиното височество.

- Реклама -