3Д килим – играчка за деца од 7 до 77 години

Дали сте уште дете? Ви работи ли уште фантазијата?

Со само еден поглед на сликата можете лесно да проверите. Ако почувствувавте наплив на носталгија, одговорот е потврден. Ако како дете сте имале цели сетови со колички, ова е дефинитивно едно од вашите најпосакувани нешта.

Во меѓувреме, омилениот детски килим еволуирал во оваа IVI 3D Play варијанта, која за разлика од онаа што ние ја знаеме, го ограничува движењето на количките, што наводно влијае децата уште од мали да ги научат основните правила на сообраќајот.

IVI 3D Play е дизајниран од турски архитект, мајка на две деца, а се стреми да биде „најздравиот“ килим за деца. Според производителот IVI, килимот е направен од 100% полипропилен и од незапаливи материјали, а е хипо-алергенски, анти-статички и отпорен на дамки.

kilim cover

Од друга страна, килимот чини и не така ефтини 150 долари, но може да ви заштеди на поправки еден ден кога вашиот син или ќерка ќе биде возач.

Како и да е, ако сте во можност да го купите, ете ви идеја за супер-подарок за новогодишните празници.

- Реклама -