Дали сте знаеле дека фотографијата го олеснува заборавањето?

Кога луѓето се потпираат на технологијата да запамти наместо нив, тоа може негативно да влијае на нивната сопствена меморија.
Ако фотографираме за да се сетиме на тоа нешто, може пародоксално да доведе до спротивен резултат и да го олесни заборавот, открива една американска студија.

Според еден документ објавен во списанието Psychological Science, луѓето кои фотографираат предмети за време на посета во музеј имаат помала веројатност дека ќе се сетат на детали од оние кои само внимателно ги гледале предметите и објектите.

„Луѓето ги вадат и користат фотоапаратите толку брзо, речиси без размислување, за да „фатат“ еден момент, а забораваат она што се случува пред нив“, изјавува Линда Хенкел од универзитетот Фаирфилд, автор на студијата.

Хенкел побарала од студентите за време на посетата во музејот да ги посматраат некои предмети, да ги фотографираат или едноставно само да ги гледаат. Следниот ден е тестирана нивната меморија и оние кои фотографирале имале потешкотии да се сетат на детали од некои предмети, за разлика од оние кои само гледале.

„Кога луѓето се потпираат на технологијата да запамти наместо нив, тоа негативно може да влијае на нивната сопствена меморија и перцепција“, се вели во соопштението.

- Реклама -