Многумина од нас на пат носат погрешна облека, некои никогаш не ги извадиле книгите од куфер, а повеќето и денес погрешно се пакуваат. Па, ако мислите дека во вашиот начин на пакување има простор за подобрување- погледајте го ова видео.
Пред да стане еден од највредните луксузни брендови, Луј Витон започнал како „пакувач“ на куфери и торби за францускиот двор во средината на 19-ти век. За да се оддаде почит кон таа традиција, брендот Луј Витон во својата pop-up продавница L’Aventure во Париз, своите посетители ги учи на легендарните методи на пакување на Monsieur Vuitton.
Курсот се состои од како правилно да се организираат работите и облеката, и како максимално да се искористи просторот на својот багаж.