Што никогаш не смеете да направите со маслото по готвењето?

Се приближува сезоната на подготовка на масна храна и пржења во многу масло, па мораме да ве предупредиме на опасната навика на повторното користење на веќе употребеното масло.

Ако животот ви е мил, фрлете го после секоја употреба.

Додека во големите градови осмислуваат проекти како во канализационите цевки да се намали појавата на одвратните масти, наталожувањето и затнувањето на целиот систем, а чие отстранување знае да чини и по десетици милиони евра.

Маслото, според правилни инструкции, треба после пржењето да се остави да се олади, па да го ставите во сад за фрлање и да го фрлите во канта со останатиот отпад од домаќинството.

На пример, можете да го ставите во искористеното пакување на млеко со капак или некој друг сад од кој нема да истече. Што и да направите, не заборавајте никогаш не треба да го истурате во мијалникот во кујната или тоалетот затоа што ризикувате создавање на големи кластери во канализацијата, а и во домаќинството.

- Реклама -