Следете го Дедо Мраз со Google Santa Tracker

Google повеќе не ја нуди официјалната страница за следење на Дедо Мраз. Минатата година NORAD стана партнер со Microsoft и сега заедно нудат следење на Дедо Мраз во 3Д. Затоа сега Google оди со сопствен сервис со кул игри и интересни можности за да ни помогне да го почуствуваме духот на Божиќ.

На Google Santa Tracker oд први декември отворени се веќе четири нивоа. На првото џуџињата се подготвуваат за празниците, на вториот има игра со собирање на подароци, а на третиот е прикажан Дедо Мраз како одмара на мирен остров, откако елен ќе го повика со Google Hangouts за да го потсети дека Божиќ се ближи.

120313_2112_3

Како што поминува секој ден и се ближи Божиќ (според католичкиот верски календар), се откриваат нови игри, видеа и слично. Следете што имаат да ни понудат во наредниот период кој се одбројува на почетната страница.

Teкстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -