Астронаутите раскажуваат со восхит: Патувањето во вселената има неверојатно длабок импакт врз нас (видео)

Веројатно некогаш сте замислувале и мечтаеле да патувате во вселената. Иако знаеме дека едно такво патување би претставувало импресивно искуство, ние, обичните луѓе, тешко дека можеме да замислиме во која мера вселената би можела да влијае на нашата психа и да ни го промени животот. Во ова прекрасно видео, поранешни астронаути се обидуваат да го артикулираат доживеаното и да ни доловат барем дел од длабокиот импакт што престојот надвор од планетата го имал над нив.
The_Overview_Effect__144111[1]
Составен од Planetary Collective, овој 20-минутен краток филм зборува за промената на перспективата на размислување што таканаречениот „Overview effect“ ја има врз астронаутите откако ќе се вратат на Земјата. Overview effect е всушност моментот кога од вселената гледате на Земјата како на мала сина џамлија, а судејќи според раскажувањата на астронаутите, таквото искуство предизвикува бура од емоции, од восхит, па се до чувство на одговорност.
astronaut
Освен ако немате резервирано билет за некое скорешно патување до вселената, видеото ја заслужува секоја минута што ќе му ја посветите. Спремете си и марамчиња – емоциите на астронаутите додека раскажуваат и се присетуваат, несомнено ќе ве трогнат.

- Реклама -