Тавче – гравче на стар скопски начин

Потребни состојки:

350 грама грав
3 суви црвени везени пиперки
1 свеж патлиџан (може замена сушен црвен патлиџан)
3 парчиња кромид
6 чешниња лук
Масло за јадење
1 лажица суво нане
Мелен црвен пипер
Сол

Подготовка:

Гравот се кисне во топла вода околу 2 часа и потоа се вари на тивок оган
Варениот грав се префрла во земјена тава каде се дотура нане, сол и потоа се посипува со запршката подготвена со 1 кромид, масло и мелен црвен пипер.
Целата смеса се меша со лажица. Потоа одозгора се редат двата кромида пресечени на половина во форма на круг, Исто така и патлиџанот се сече на половина, чешнињата лук и пиперките се ставаат цели.
Малку сол се посипува и врз самиот зеленчук.
Се подготвува уште една запршка само со масло и црвен пипер и врела се прелива со лажица врз сите парчиња од зеленчукот.
Се пече на 250 степени околу 1 час.

Пријатен ручек со посна трпеза посветена на почетокот на Божиќните пости

- Реклама -