Совети за справување со главоболки

Од мигреозни главоболки страдаат милиони луѓе низ целиот свет. Тие се екстремно силни и тешко се поднесуваат. Мигрената може да трае од еден час до 3-4 дена.

За тоа време, болниот кој страда од мигрена буквално е неспособен да функционира. Иако до олеснување не може да се дојде веднаш и во потполност, постојат многу можности да се олеснат симптомите на мигренозна главоболка.

Мигрената се дефинира како тешка главоболка која може да наруши нечие расудување. Кога ќе се јави мигрената, пациентот најчесто ги има следниве симптоми:

– главоболка
– вртоглавица
– гадење
– потешкотии со видот.

Често болните од мигрена не можат да гледаат во сонце или извор на светлина без да почувствуваат силна болка. Мигрената може да биде предизвикана од многу причини. Се јавува кај деца и возрасни и тоа често неочекувано. Жените почесто страдаат од оваа болест за разлика од мажите. Може да се јави поради стрес, одредена храна, лоша исхрана или промена на одредени хормони.

Исто така и наследниот фактор има влијание, дури постојат семејства кои чувствуваат симптоми на мигрена во исто време. Постојат и лекови посебно наменети за мигренозни главоболки. Важно е да се напомне дека прекумерната употреба на овие лекови може да предизвика оштетувања на црниот дроб или желудникот. Тие ги олеснуваат болките, но не донесуваат трајно излекување, ниту пак можат да ја спречат повторната појава на мигрената. Затоа, тие треба да се сметаат како привремена прва помош за да ги олеснат симптомите додека да бидете правилно испитани и лекувани од лекар.

1. Еден од најлесните начини да ја надминете мигренозната главоболка е да преспиете. Иако тоа нема да ви ја елеминира болката, одмор и релаксација се ефикасен начин да се минимизира или редуцира интензивната болка предизвикана од мигрената. Ако сте во можност да се одморите и да легнете или барем да се одморите во темна и тивка просторија, тоа барем ќе ви овозможи да ги средите мислите и да го намалите нивото на стресот. Спиење или одмор може да ви овозможи олеснување кое ви е толку неопходно при напад на мигренозна главоболка.

2. Испијте малку вода. Еден од симптомите на мигрената е и гадење и повраќање. Ако од водата ви се слоши повеќе, обидете се со газиран пијалак.

3. Ставете пакување со мраз на страната на главата каде што чувствувате симптоми. Ладното и притисокот ја смируваат болката.

4. Останете во тивка просторија. Гласната бучава ја влошува болката.

5. Зборувајте со вашиот лекар ако сте забележале дека менструалниот циклус ви влијае врз мигрената. Мигрената трипати почесто се јавува кај жените отколку кај мажите. Хормонална терапија може да ги редуцира главоболките.

6. Лекувајте се. Постојат многу лекови кои можат да ја спречат или олеснат мигрената ако се земат навреме. Лековите кои се продаваат без рецепт обично користат комбинација на аспирин и кофеин и ибупрофен. Лекови кои се продаваат со рецепт вклучуваат деривати на ерготамин и суматриптан.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -