Импресивно арт видео со хартиени марамици што маѓепсува ширум Интернет

Што правите со хартиените марамчиња откако ќе ги употребите? Се разбира, без многу размислување ги упатувате во кантата за отпадоци. Е па, не и јапонскиот производител Nepia. Тие ги употребија, па ги ставија во видео.

Рекламата, направено во форма на стоп-фрејм анимација, не само што презентира вонредни вештини на оригами, но со себе носи и емотивна приказна чија идеја, меѓу другото, е и зголемување на еколошката свест кај гледачот.

Рекламата завршува со фразата „Добрите марамчиња доаѓаат од добрите дрва. Им благодариме на нашите шуми“. Дефинитивно уникатна идеја за реклама, не само поради фактот што е визуелно задоволство, не само поради трудот и трпението потрошено за да се направи, но и за начинот на кој пораката е пренесена – преку едноставна трансформација на едно единствено шамивче.

 

А еве како изгледа процесот на изработка зад камерите:

- Реклама -