Слаџа и Џоле Џогани ќе бидат првите балкански Кардашиани

По пример на најпознатото семејство во светот, наскоро ќе почне снимање на шоуто на едно српско естрадно семејство.

До сега имавре можност да видите што прават сестрите Кардашиан, а од сега Србите ќе имаат можност да гледаат што се случува кај женските членови на семејството Џогани.

Слаџа Делибашиќ со своите ќерки, Силвија (25), Маринела (20) и со ќерката на Анабела и Гаги, Луна (19) ќе бидат под будното око на камерата, а емитувањето на тоа реално шоу започнува оваа есен на ТВ В92, пренесува „Blic“.

Потврда за оваа информација пристигнала од самата „глава“ на семејство Џогани, Џоле кој изјавил дека централна личност ќе биде Луна.

- Реклама -