Патник паднал од авион во океан на 610 метри надморска висина

Во тек е потрага по човекот кој паднал од авион во лет со надморска височина од 610 метри во Мајами, јавуваат американските медиуми. „Помош, помош, помош! Вратите се отворија и еден патник падна!“, со тие зборови пилотот соопштил што се случува во време на полетувањето на авионот во Мајами.

Пилотот тврди дека патникот, по кој се бара, ја отворил вратата од авионот и паднал. Не е познато колку вкупно луѓе се наоѓале ви авионот, но се знае дека авионот сигурно слета во близина на Тамиами аеродромот.
Полицијата не ја исклучува можноста дека можеби станува збор за убиство.

Од здружението на пилоти велат дека шансите да се преживее таков пад се многу многу мали.

- Реклама -