„Кометата на векот“ блесна, се гледа со голо око!(видео)

Кометата ISON, која во некои медиуми е наречена „комета на векот“, од средата почна сѐ повеќе да сјае, па сега конечно може да се види со голо око, јавуваат астрономите.Komet-ISON

Ова тело, кое официјално се нарекува C/2012 S1, го откри Виталиј Невски и Артиом Новичонок со телескопот ISON во 2012 година, кога Сонцето беше далеку шест пати повеќе од Земјата. Во тоа време кометата била необично сјајна па постоеле шпекулации дека, кога ќе се приближи до Сонцето, би можела да биде посветла и од Месечината. Но со тек на времето стана јасно дека спектакалот нема да ги исполни очекувањата.

Сепак, ISON во изминативе три дена конечно блесна и го зголеми својот сјај за 16 пати. До сега можеше да се види само со визуелни помагала- аматерски телескопи и двогледи. Во моментов магнитудата на нејзиниот сјј е 5,4, а експертите претпоставуваат дека до 28-ми ноември кога ќе биде најблиску до Сонцето, ќе може уште повеќе да се зголеми. Најсветлите ѕвезди на небото имаат негативна магнитуда, а темните повисока. Сите магнитуди помали од 6 можат да се видат со голо око.

Но, од друга страна наглото зголемување на нејзиниот сјај може да биде знак за непосреден крај.
„Јадрото на ISON можеби е распукано или скршено што може да предизвика брзо испарување“, објавила НАСА на нејзиниот веб-сајт.

Ова би можело да значи дека сјајот на кометата нагло ќе расте сѐ додека не се распадне и исчезне, дури и пред да стигне до најблиску до Сонцето.

Астрономите кои ја следат велат дека во моментов изгледа како лижавче во зелена боја со долга, тесна опашка.

[youtube]http://youtu.be/lQaaLMwPhOA[/youtube]

- Реклама -