Мистериозно: Починал откако отворил кутија со натпис „Пандорина кутија“

Официјалната истрага за мистериозната смрт на Џејсон Ајри беше неуспешна во одредување на причините. 37-годишникот починал за кратко време откако отворил мистериозна кутија со натпис „Пандорина кутија“.

Британецот бил најден на подот, со лицето кон подот, во спалната соба во неговиот дом. Веднаш бил пренесен во болница, но починал 2 дена подоцна.

 

Според официјалните лица, „Пандорината кутија“ која ја нашле до него, содржела мало пакетче од неупотребен синтетички канабис. Всушност, испитувањата не покажале никакви траги од дрога во телото на Ајри, а неговиот татко тврди дека синот не користел дрога веќе 13 години, откако имал лошо искуство со екстази. Според него, неговиот син бил во добро расположение и изгледал сосема нормално се до моментот кога го пронашле.

Медицинскиот персонал во болницата заклучил дека смртта настапила откако срцето на Ајри престанало да чука, но немаат никакво објаснување зошто дошло до тоа.

Што и да е причината, потрудете се да избегнете отварање на „Пандорини кутии“, барем во периодов додека се трага по објаснување на мистеријата.

- Реклама -