За малку: Педофилијата помина од пореметување во „сексуална ориентација“

Во Мај, Американската Асоцијација на Психијатри го издаде 10-години подготвуваното 5-то издание на Прирачникот за ментални пореметувања (познат како DSM-5). Во документот, ААП ја опиша педофилијата како „сексуална ориентација“. Класификацијата помина незабележано, се до минатиот месец, кога NeonTommy објави блог полн со критицизам кон ваквата одлука.

По силната национална реакција од американските граѓани, ААП ја промени терминологијата, изјавувајќи за медиумите дека терминот „сексуална ориентација“ не се користи како дијагностички критериум кај педофилијата, и дека неговата појава во DSM-5 била грешка. Асоцијацијата се заблагодари на граѓаните, особено на конзервативните Христијани, бидејќи „помогнале во создавањето на попрецизен и поточен прирачник“.

1323282137468.cached

Вработен во ААП, кој побарал да остане анонимен, вели дека ААП немала намера терминот „сексуална ориентација“ да проструи во правна смисла, но по рекациите сфатиле дека може да се пренесе и во правото. Од тие причини, го промениле терминот во „интерес“, за да биде јасно дека ААП зборува од аспект на медицината, а не од аспект на правен статус.

Новата поправка на текстот прави разлика помеѓу едноставни импулси и вистински акт. Објаснувањето е дека ако луѓето не ги преточат импулсите во дело, тогаш се работи за „сексуален интерес“, а не за педофилија.

http://extremelifechanger.com/web_images/real-tears-eyes-kid-cute-sweet-cry-emotional-tears-keiths-pics-kids-augen-women-sex-baby-children-ludzie_large.jpg

Основачот на Liberty Councel, Мет Ставер ја искритикува оваа дистинкција, сметајќи дека ќе им ги обезбеди сите потребни аргументи на педерастите за да ја отстранат возраста од законите за сексуална согласност, а децата ќе бидат оние кои ќе страдаат. „Ако рекласификацијата на педофилијата била грешка, ќе беше пронајдена и поправена во овие 10 години на креирање на новиот DSM“, додава тој.

И покрај постојаните уверувања од ААП дека односот и дијагностиката кон педофилијата воопшто не се променети и дека се работи само за нова терминологија, Американците се скептични и сметаат дека ААП имала веќе неколку обиди да го воведе ова пореметување во рамките на нормалното однесување.

Покрај педофилијата, и садизмот и мазохизмот поминаа од „ориентација“ во „интерес“.

- Реклама -