Пита со коприва

Копривата е најдобро природно средство за чистење на крвта. Таа е природен лек и за болестите на мочните патишта, а делува и превентивно во создавање на каменчиња во бубрегот и мочните патишта.

Оваа билка содржи витамин А, се препорачува како лек против слабокрвност, ја подобрува работата на системот на варење. Често се користи како природен лек против запек и го зајакнува природниот имунитет на организмот. Ако не сте љубители на чајот, тогаш подгответе си пита од коприви за да ги искористите сите предности на овој зеленчук:

Состојки: 700г коприви, 1 кромид, 2 чешниња лук, 400г шампињони, 500г кори за пита, 2дл кисела павлака, 2дл билна павлака, 5 јајца, 1дл млеко, 1дл зејтин, зачин Ц

Smborek0002

Подготовка: Ставете ја копривата во солена вода малку да отстои, а потоа извадете ја и исечете ја на коцки. Лукот и кромидот исецкајте ги ситно, а шампињоните исечете ги на листови.

На малку зејтин испржете го кромидот и додајте ги шампињоните, динстајте додека не омекнат. Потоа додајте ја копривата, лукот и зачинете по вкус.

Подготвениот фил оставете го да се олади, а потоа во него додајте 2 јајца и киселата павлака.

Тепсијата во која ќе ја печете питата премачкајте ја со зејтин, па ставете две кори пита, нанесете од филот, потоа наизменично редете кори и фил додека не ви се потроши подготвениот материјал. Филуваните кори исечете ги на коцки.

Измешајте 3 јајца, растителна павлака и млеко. Со добиената смеса полијте ја питата и ставете ја во рерна да се пече додека не порумени.

Добар апетит!

- Реклама -