Факт е дека не ни се допаѓаат љубопитните погледи во нашиот монитор, макар и да се работи за сосема наивна содржина. Ако сте чувствителни во однос на својата приватност и имате вишок LCD монитор (или доволно храброст да го пробате со оној што го користите), триков е вреден да се проба.
Штосот е во поларизираниот филтер/фолија што го има секој монитор. Отворете го мониторот и одлепете го филтерот, за да ја направите содржината на екранот невидлива. Земете очила, извадете ги стакленцата и наместо нив поставете две парчиња исечени од истиот поларизиран филтер што ќе го извадите од мониторот, потребен за да ја дешифрира сликата.
Тоа е сé. Сега вашиот монитор ќе покажува целосно бел екран за сите останати, додека вие, со помош на новите очила, ќе можете непречено да работите или да гледате… видеа.