Стан од 30 квадрати со 24 соби

Овој апартман зафаќа површина од само 30 квадратни метри, но има потенцијал да собере 24 различни соби. Уникатноста  со која што  располага се постигнува благодарение на неговите монтажни елементи. Станот  е дело на архитектот Гери Чанг и се наоѓа во Хонг Конг.

Малиот стан располага со серија од лизгачки ѕидови меѓу спалната соба, кујната, дневната соба и бањата.

Можете да изберете помеѓу 24 конфигурации на просторот само со влечење на ѕидовите. Се разбира, не можете да ги користите во исто време.

- Реклама -