Крофни со чоколадо

Крофните полнети со чоколадо се вистинско слатко уживање. Ако се уште не знаете како да ги направите, ние ќе ви помогнеме.

Состојки за 20 парчиња: 550г брашно, 5 жолчки, 100г путер, 3 кесички ванилин шеќер, 100г шеќер, 0,5дл рум, рендана кора од еден лимон, 0,8 дл масло за пржење, 1 свеж квасец, 1,5дл млеко, 300г чоколадо

Подготовка: Во млако млеко разматете го квасецот со малку брашно и шеќер и оставете го да стаса.

Од квасецот, брашното, растопениот путер, млекото, румот, лимоновата кора и шеќерот замесуваме меко тесто.

Месиме додека тестото не почне да се одвојува од садот. Го оставаме да стаса уште еднаш, околу 20 минути.

S

Го развлекуваме тестото, на дебелина од околу 1 сантиметар, и правиме кугчиња со чаша или калап. Ги оставаме да нараснат околу 40 минути. Ги пржиме во зејтин.

Готовите корфни ги полниме со стопена чоколада. Одозгора може да ги ги декорирате со стопена чоколада, чоколадни мрвици, шеќер во прав…Изборот е ваш.

Добар апетит!

 

- Реклама -