Футуристичка приколка во стилот на луксузните јахти

Инспирирана од формата и стилот на луксузните јахти, оваа заоблена креација додава дополнителен степен на елеганција (но и економична потрошувачка) во областа на современите мобилни домови.

Caravisio, дизајн на германската компанија Knaus Tabbert, користи стратешки поставени облини со цел да креира чувство на пространост во малите простори за живеење, но и да ги ублажи грубите и остри агли што често знаат да предизвикаат проблеми при уредувањето.

1

Караванот изобилува со хај-тек можности, како iPad и iPod портови приклучени во вградени системи, како и високо енергетски-ефикасна аеродинамика.

2

Производителот објаснува дека бројките покажуваат се помалку регистрирани каравани во последните години. ИНдустријата за приколки мора да понуди нови концепти за да го покрене интересот за кампирање и камперски возила на пазарот, особено кај таргет-групите што немаат многу блискост со оваа област. „Регистрирани се неколкукратни обиди да се постигне целта, но се досега, не е забележан позначаен успех“.

4

Од овие причини, Knaus Tabbert го започна проектот „Caravisio – Караван на иднината“, проект што ќе понуди нов пристап кон проблемот, ќе предизвика нови размисли и ќе понуди свои одговори и решенија. Caravisio има за цел да демонстрира во сегашноста, какви можности ќе понуди технологијата во иднината, барем во однос на камперските приколки и возила за кампирање.

5

- Реклама -