Home Технологија Наука Херпес докажа дека човештвото потекнува од Африка

Херпес докажа дека човештвото потекнува од Африка

0

Вирусот херпес симплекс 1, познат во науката како HHV-1, им послужи на научниците како доказ за африканското потекло на човечката раса. Микроорганизмите, кои предизвикуваат непријатни кожни болести, се ширеле заедно со луѓето уште од најраната историја и нивниот  развој е тесно поврзан со човековиот. Ова го  објаснуваат специјалисти по микробиологија и антропологија од Универзитетот во Висконсин. Тие земале  примероци на херпес симплекс од различни делови на светот и го споредиле  нивниот геном.

Се покажало дека постојат одделни популации кои значително се разликуваат една од друга и го развиле својот генетски код во различно време во минатото. По нив научниците развиле хронологија на еволуцијата на херпес. Таа наликува на наводниот развој на човечките популации по нивниот пат надвор од Африка. Додека луѓето мигрирале, болеста се движела со нив и постепено мутирале заедно со своите носители. Така херпесот во Европа генетски се разликува од  оној во Африка и Азија.

Благодарение на чудното откритие антрополозите имаат уште еден доказ за  теоријата за ширењето на човечкиот вид. Според неа хомо сапиенсот се појавил некаде во Источна Африка пред околу 200 000 години, а можеби и повеќе. Тој останал таму во текот на поголемиот дел од својата историја, па постепено почнало населување низ целиот континент. Пред 80-60 илјади години нешто натерало група луѓе да ја напуштат Африка. Тие поминале во два брана во Блискиот Исток, иако  едната од нив тргнала по јужните брегови на Азија и достигна дури до Австралија. Другата група навлегла внатре во Евроазија и се разделила. Нејзини потомци се населиле како во Европа, така и во Америка.

Истражувањето на геномот на херпес има и друга, повеќе практична страна. Научниците ќе се обидат да се разберат зошто во ограничен број случаи на вирусот, кој инаку не е смртоносен, може да има исклучително тешки последици и да предизвика мозочна инфекција.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here