Бисер на Аца Лукас: Јас сум Тито!

Пејачот Аца Лукас се спореди со Јосип Броз Тито, но и откри дека и порано ја лажел жена му, додека неговата сегашна сопруга Соња не ја излажал ниту еднаш и многу ја сака. – Ќе бидам препотентен, па ќе се споредам со Тито. Другите се појавуваат, траат четири години. Тие се реизбрани, а јас сум Тито, бидејќи сум еднаш избран и така ме држат доживотно, изјави пејачот.

Лукас додаде дека во младоста правел многу нешта, но дека не жали воопшто за ништо.

– Повеќе не лажам навистина. Единствено ја лажев поранешната жена, кога правев некои работи на кои што повеќе не сум навлечен. Сегашната сопруга не ја лажам, отворено прозборе Аца Лукас, кој за себе си мисли дека е грд.

- Реклама -