Реклама за Југо од 1988 година

Постојат повеќе модели на овој автомобил:   југо 45, југо 55, југо 65, југо корал, југо кабрио… Фабројата „Застава“ произвела  797.428 примероци од овој автомобил од 1980 година, а 256.691 биле извезени од Југославија, од кои 141.651 на американскиот пазар.

Од 1986. до 1991 година, југото било продавано на пазарот на Соединетите Американски Држави, увезено преку компанијата „Југо Америка“. Таму истото стекнало голема популарност со своите димензии, ниските цени…Југото се појавува и во голем број Холивудски филмови.

Погледнете ја рекламата за овој автомобил од 1988 година, наменета за американскиот пазар.

- Реклама -