Повеќето парови имаат секс во вечерните часови помеѓу 23.00 и 1.00 наутро. Една студија на универзитетот во Белфаст покажала дека утринскиот секс делува делотворно на здравјето на срцето.
Не би поверувале колку повеќе придобивки за вашето здравје има сексот наутро, отколку сексот во било кое друго време…
Повеќето парови практикуваат секс во доцните вечерни саати. Меѓутоа, утринскиот секс дава повеќе благодети на вашата душа и тело. Позитивната работа е што сексот наутро ја буди интимноста и емоционалната блискост на почетокот на денот, а освен тоа го подобрува расположението заради активирање на серотинот, хормонот на среќата.
Поубав тен и поцврста коса
Оргазмот за време на сексот во утринските часови ќе го зголеми нивото на естроген во крвта, што предизвикува подобрување на циркулацијата на крвта и намалување на нивото на тестостерон, кој има позитивен ефект врз вашата кожа и коса.
Зголемена плодност
Докажано е дека честата практика на утринскиот секс го подобрува квалитетот на спермата и ја зголемува плодноста кај жените, со што се зголемуваат шансите за оплодување.
Превенција од кардиоваскуларни болести
Една студија на универзитетот во Белфаст покажа дека утринскиот секс има заштитен ефект врз здравјето на вашето срце и крвни садови, особено кај мажите. Утринскиот секс е добра вежба, а освен тоа го намалува нивото на кортизол, хормонот на стресот, кој вообичаено го зголемува ризикот од инфаркт.
Зајакнување на имунитет
За време на утринскиот секс се случува најголемото производство на имуноглобин А, кои се антитела кои што го штитат организмот од инфекции. Луѓето кои редовно практикуваат секс наутро се со 30 проценти повисоки нивоа на имуноглобини а во крвта.